ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.05.2022
Навики кои го скратуваат животниот век
Автор: Goce Author

Некои од навиките кои секојдневно ги правиме можат сериозно да му наштетат на нашето здравје и да го скратат животниот век. Прочитајте во продолжение кои се навиките кои може да имаат лошо влијание. Можеби тоа се навиките на кои не ни помислувате.

Останувате будни до доцна

„Многу возрасни луѓе не спијат доволно“. Многумина ќе се одморат пред телевизорот или ќе јадат нездрава храна, особено кога се уморни. Ниту еден не обезбедува толкава енергија и релаксиција како што може соодветната количина на сон.“, вели д-р Керолин Седерквист, основач на BistromMD.
Во една студија на списанието Sleep, пак, се истакунува дека:

„Спиењето помалку од шест часа во текот на ноќта ја зголемува за 12 отсто веројатноста да умрете порано од некој што спие до осум часа“.

Повеќе од 8 часа сон

Од друга страна, пак, премногу сон исто так може да биде штетно за вашето здравје. Според студијата објавена во списанието PLOS One, луѓето кои спијат повеќе од девет часа дневно, имаат поголем ризик од пократок живот. Истото важи и за луѓето кои спиеле помалку од седум часа, па изгледа како магичен број да спијат меѓу седум и девет часа навечер.

Користење на премногу средстава за дезинфекција на рацете

Иако користењето средства за дизинфекција ни помага да се заштитеме, преголемата употреба може да има спротивен ефект.
„Прекумерената употреба на средстава за дезинфекција на рацете ќе создаде средина за развој на бактерии отпорни на антибиотици. Овие бактерии многу тешко се ослободуваат.“, вели д-р Скот Штрајбер.

Предвремено пензионирање

Ако работите многу напорно, може да изгледа како да сте една нога поблиску до смртта, но студијата на Medical Journal покажа дека оние кои се пензонирале на 55 години го удвоиле ризикот од смрт пред да наполнат 65 години во споредба со оние кои работеле и по 60-тите. Истражувачите не се сосема сигурни зошто, но тие велат дека работата може да ги одржи човечкиот мозок и тели поактивни и да ја зголеми нивната социјална изложеност.

Живот во гласен град

Животот во голем град дефинитивно има свои предности, но за жал целата таа гласна бучава може да има негативно влијание врз здравјето на човекот.
Студијата на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина покажа дека долгорочната изложеност на гласна сообраќајна бучава во текот на денот придонесува за ризикот од пократок животен век. Сообраќајната бучава може да предизвика скок на крвниот притисок и хормонот на стрес кортизол, што може да предизвика големи здравствени проблеми.

Кардио вежби само во теретана

Кардиоваскуларните вежби се одлични, но треба да се погрижите да ги правите правилно.

„Ако само правите кардио, вашето тело ќе стане помалку ефикасно во согорувањето на мастите и наместо тоа ќе почне да го разградува мускулното ткиво“. Се покажа дека сакропенијата, намалувањето на мускулното ткиво, предизвикува луѓето помалку да се движат, го зголемува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес и на крајот ја намалува долговечноста, вели Шрајбер.

Негативен став

Негативниот став е штетен за вашето целокупно здравје, а не само за вашето расположение. 30-годишното истражување на клиниката Мајо покажа дека оптимистите имаат околу 50 отсто помал ризик од рана смрт отколку песимистите. Негативните луѓе се повеќе склони кон стрес, кој може да го ослаби нивниот имунолошки систем и да го зголеми ризикот од болести.

Прекумерно користење паметни телефони

„Се покажа дека прекумерната употреба на паметен телефон предизвикува болки во вратот, рамената, главата и грбот“, вели Шрајбер. Освен тоа, оние кои доживуваат хронична болка имаат пократок животен век.

За подобро здравје, променете ги овие навики

Конзумирање премногу производи од животинско потекло

Една студија од Медицинскиот факултет Харвард покажа дека консумирањето дополнителна порција непреработено црвено месо дневно го зголемува вашиот севкупен ризик од смрт за 13 проценти. Истражувачите се сомневаат дека се виновни заситените масти и големи количини на натриум.

Пиење од пластични шишиња со вода

„Пиењето од пластични шишиња со вода ја зголемува вашата изложеност на ксеноестрогени. Тоа може да доведе до рак на дојка, фиброиди и цисти“, вели д-р Габриел Френсис. Хемикалии кои се наоѓаат во пластичните шишиња, исто така, може да доведат до повисоки стапки на други болести како што се кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2. Држете се до шишињата со вода за повеќекратна употреба без BPA наместо пластичните за еднократна употреба.

Во принцип, сè што изгледа здраво може да ви помогне да живеете подолг живот, но секогаш е добро да бидете сигурни дека правите сè во умерени количини.

По полициската акција се огласија од УГД: Целосно соработуваме со ОЈО и МВР
(Видео) Млади Хаб во Штип е простор каде младите ги претвораат идеите во иницијативи