ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.05.2022
Недела на Црвен Крст под мотото „Биди човечен“ во Гевгелија
Автор: Goce Author

Недела на Црвен Крст одбележана во Гевгелија под мотото „Биди човечен“, со настанот на отворено пред споменикот „Сава Михајлов“.

Со свои излагања се истакнаа младите волонтерите  и Секретарот на Црвен Крст како и градоначалникот на Општина Гевгелија.

Со кратката програма во која имаа настап дури и најмалите, се разигра гевгелиската чаршија, а настанот не’ потсети дека секогаш треба да помогнеме некому.

Клубот на млади од Црвен Крст Радовиш ја промовира неделата на млади и младинскиот активизам

  • „Во изминатиот период помагавме секаде каде што можеме. Со гордост може да најавам два следни проекти. Едниот проект ќе опфати 25.000 млади ученици кои што ќе се запознаат со основите на првата помош и нејзиното значење под името „Првата помош спасува животи“.Со вториот проект во следните четири години се надеваме дека нема да има семејство во кое што нема да има член, волонтер, крводарител или хуманитарец под името „И јас сум Црвен Крст“.“, изјави секретарот на организацијата во Гевгелија, Лазар Мешков.

Погледнете дел од настанот:

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?