ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.06.2022
Неколку совети за супер летен одмор
Автор: Goce Author

Учебната година заврши,па се повеќе мириса на пакуван куфер и заминување на летен одмор. Со масовната побарувачка за патување годинава, цените се повеќе се качуваат, но тоа не ги спречува туристите да ги полнат се повеќе плажите. Сепак, за еден убав летен одмор, секогаш мора да имате план. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да имате супер летен одмор.

Photo by Angelo Pantazis on Unsplash

Резервирајте ги авионските карти порано

Ако планирате да заминете на летување со авион, тогаш купете ги картите за летување барем 60 дена порано. Што се наближува денот за лет, авиокомпаниите ги нудат картите по многу повисоки цени. Доколку најдете ефтина авионска карта, не размислувајте дали да ја резервирате.

Photo by Yousef Alfuhigi on Unsplash

Преземете туристички апликации во вашиот телефон

Технологијата е ваш пријател кога станува збор за паметно летно патување. За да избегнете нервози со хартиените мапи и да талкате во непознатото место, во вашиот телефон преземете апликации кои ќе ви заштедат нерви и време. Со апликацијата Waze ќе имате пристап за податоци поврзани со сообраќајот.  GasBuddy ќе ви помогне да ги најдете најевтините бензински пумпи. А со  Roadtrippers и Field Trip кои се бесплатни, ќе може да ги најдете сите забавни атракции и настани.

Photo by Surface on Unsplash

Чувајте се и останете здрави

Еден од важните услови за да не го уништите вашиот летен одмор е да не се разболите или да не изгорите од сончевите зраци. За да се заштитите, експертите препорачуваат често користење на креми за заштита од сонцето, капа и очила за сонце. Не заборавајте да останете хидрирани со тоа што секогаш со себе ќе имате шише со вода. Користете средство против инсекти без DEET, како што е спрејот од лимон-еукалиптус, за да ги задржите бубачките подалеку.

 

Магичен одмор со вашиот партнер – три најубави острови во Грција кои вреди да се посетат

Секогаш имајте план Б

Доколку има денови кога временските услови нема да бидат ваш пријател, секогаш имајте план Б за тоа како ќе го исполните времето. Избегнете ги поплаки за здодевност и однапред планирајте алтернативни активности доколку денот ви го промени планот со летните грмотевици. Ако престојувате во викендица, спакувајте игри на табла или планирајте забавен „филмски фестивал“ со вашите омилени летни филмови.

Побарајте места каде што не мора да платите карта за да се забавувате

Тематски паркови, мини голф… летното трошење може брзо да се надополни. Знаејќи дека ќе бидат преплавени од лудите толпи, сопствениците наплаќаат високи цени за забава во жешките места за одмор. Но, можете да заштедите пари со истражување на локални зделки и бесплатни настани. Проверете ги локалните огласи за концерти, спортски настани, фестивали на храна и јавни плажи и побарајте брошури за попуст на веб-страниците за туризам.

Photo by Antonino Visalli on Unsplash

Изберете сместување со повеќе услуги

Не секое сместување нуди исто. Некои сопственици на викендици вклучуваат многу повеќе услуги кои ќе ви помогнат да се чувствувате релаксирано и удобно, а притоа ќе заштедите. Може да вклучуваат: карти за некој настан со попусти, столчиња за плажа, чадори, крпи, места за скара, гумени базени, ладилници, па дури и велосипеди.

Photo by Alex Azabache on Unsplash

 

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе