
Научници од Соединетите американски држави развиваат вакцина која ќе се прима орално. Тоа би значело дека наредните дози против Ковид 19 (ако има потреба да се примаат наредни дози) ќе можат да се примаат и орално.
Вакцината ја изработува компанијата „Варијад“ и се очекува наскоро да биде тестирана на луѓе.
Според д-р Стивен Расел, директорот на компанијата „Виријад“, оралната бустер-доза користи традиционална технологија во која безопасниот вирус ги пренесува протеините на Корона вирусот до клетките на површината на јазикот или на слузницата на образите и грлото, поттикнувајќи го производството на антитела кои можат да го блокираат вирусот пред да навлезе во телото.
– Освен тоа што оралната бустер-вакцина против Корона вирусот е многу поедноставна и поприфатлива, таа исто така може да доведе и до подобар имунитет, бидејќи се применува на место од каде што Корона вирусот обично влегува во телото – објаснува д-р Расел.
Велат дека една недела по примањето на ваков вид на вакцина во експериментални услови нивото на антитела се зголемува за 100 пати без никакви нус појави.