
Netflix ги претстави своите први игри за паметни телефони кои првично ќе бидат достапни за корисниците на Android од целиот свет, објави блогот на компанијата.

Оваа недела, ново ажурирање е достапно за корисниците на Netflix Android и вклучува игри. За почеток, ќе може да се играат пет игри: Stranger Things: 1984, Stranger Things 3: The Game, Card Blast, Teeter Up и Shooting Hoops.
„Иако ова е почеток на долго патување, ние сме возбудени што можеме да обезбедиме искуство за играње кое е различно од она што е достапно денес – ексклузивни мобилни игри без реклами, во апликација вклучени во вашата претплата на Netflix“, се наведува во соопштението на „Нетфликс“.
Најавено е дека игрите ќе бидат достапни за корисниците на iOS уредите во наредните месеци.