ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.08.2026
Нова шанса за матурантите кои не положија матура во јуни
Автор: Goce Author

Августовската сесија на екстерните испити од државната матура ќе се одржи na 12 и на 14 август, со почеток во 9 часот. Испитите се наменети за матурантите кои во јуни не положиле или не ја завршиле целосно матурата.

Според Државниот испитен центар (ДИЦ), за августовскиот рок се пријавени вкупно 1.460 кандидати – 1.328 за државна матура, 126 за стручна и шест за уметничка матура.

Утре, 12 август, ќе се полага изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. На 14 август следува задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература.

За другите странски јазици и за историја, кој е предмет за уметничка матура, во август нема пријавени кандидати.

Поради помалиот број матуранти, августовското полагање ќе се организира во четири градови и на осум локации. Во Скопје испитите ќе се одржат на Економскиот, Градежниот и Педагошкиот факултет, како и во спортската сала на АСУЦ „Боро Петрушевски“. Полагање ќе има и на факултети во Тетово, Прилеп и Штип.

Нова стратегија за образование 2026–2032: Што навистина се менува за учениците и студентите?

Меѓу кандидатите се и 226 матуранти на кои во јуни им бил поништен испитот. Дел од нив биле фатени во препишување за време на полагањето, додека кај други неправилностите биле утврдени при прегледувањето на тестовите.

Во јунската сесија просечната оценка од трите типа матура изнесувала 3,66. Кај државната матура просекот бил 3,62, кај стручната 3,91, а кај уметничката 3,59.

За јунската сесија биле пријавени 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за стручна и 127 за уметничка матура. На испитите не се појавиле 348 кандидати.

По објавувањето на резултатите биле поднесени 805 приговори, а 133 ученици извршиле увид во своите тестови.

Иселувањето проблем на регионот, над 130.000 иселувања годишно
Млад вработен – колку е лесно да стигнете до просечната плата од 50.000 денари?