ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.08.2022
Нова учебна година, стари проблеми!

По две пандемиски години, на прагот сме на учебна година која конечно би требало да биде „нормална“. Дали ќе биде, можеби е донекаде јасно ако се земе предвид ситуацијата со корона вирусот.

Од тој аспект, би требало да очекуваме навистина нормална учебна година, со оглед на тоа што пандемијата навистина го загуби здивот. Опцијата „онлајн“ најверојатно по двегодишното искуство со Ковид 19, ќе се наметне како решение во ситуација кога на некои ученици ќе им биде неопходна, како на пример на децата со хронични болести и членови од семејството со хронични болести. Ова е и едно од барањата кое кружи низ групите на социјалните мрежи. Според објавеното, барфање било доставено до МОН, Министерст6вом за здравство , Владата и Комисијата за заразни болести.

„Да се надеваме дека надлежните ќе ја воочат потребата зошто на овие категории на дечиња треба да им се подаде рака и зошто како едни од најранливите категории треба да им се излезе во пресрет и истите  да бидат заштитени, а воедно и хронично болните членови на нивната фамилија“ – велат родителите.

Онлајн учење како алиби за лечење комплекси и во новата учебна година

И додека ова барање може да се третира и како разумно и во насока на олеснување на категории на ученици и на семејства на кои навистина им е неопходно, очекувано, по истите групи на социјалнте мрежи има безброј неосновани и небулозни коментари и предлози. Така, дел од родители сметаат дека нивното дете треба да има онлајн настава, поради тоа што наставниците и соучениците не биле културни, немало ниво на однесување, немало вредности, а и условите во нашите училишта не биле добри. И тоа е само дел од нереалните барања и предлози, кои масовно се појавуваат. Со нив всушност и се девалвираат оние квалитетни предлози кои се појавуваат. Таквите би биле во насока на вистинско искористување на можноста за онлајн настава.

Ќе доцнат новите учебници за четири одделенија, се средуваат ракописите и се бара фирма што ќе ги печати

Од друга страна, и на само осум дена до стартот на учебната година, имаме своевиден молк од институциите – МОН, БРО… Никаква најава во врска со почетокот, никаков официјален став за начинот на одвивање настава, ниту пак одговор на обвинувањата дека учебници повторно нема. Свидетелствата од минатата учебна година учениците ги добиваат дури сега… На некој начин, се чини се е исто како и минатите години, со сите можни пропусти и проблеми. Недостасува само штрајк, за сликата да биде комплетна. Како и пред секоја учебна година.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите