
Фото: Tennis World USA
Новак Џоковиќ се уште нема објавено дали ќе учествува на Австралија опен, но има желба да игра на првиот Грен слем сезонава.
Крег Тајли, првиот човек на тениската Австралија и првиот Грен слем во новата сезона, уште еднаш зборуваше на тема вакцинирани и невакцинирани играчи и правилата кои ќе важат за учесниците.
Сите што доаѓаат се вакцинирани и ќе има мал процент од оние кои имаат медицинско ослободување. Ако сте играч, навивач или центар, или сте вакцинирани или имате медицинско ослободување одобрено од Австралискиот регистар за имунизација. Ова ни обезбедува со сигурност и дополнителна доза на сигурност и удобност“, вели Тајли.
Прочитајте и: Зошто Ноле најверојатно ннема да настапи на Австралија Опен
Тој изјави дека минатиот викенд разговарал со Новак Ѓоковиќ, но поради приватноста на протоколот не знае дали бранителот на титулата во Мелбурн побарал лекарско ослободување.
Практично никој не знае што ќе прави Новак додека самиот не го објави тоа.
„Доколку Новак се појави на Австралија опен, или ќе се вакцинира или ќе има медицинско ослободување. Негов избор е во однос на неговата здравствена состојба, негов избор е да ја задржи приватноста како сите ние што имаме или немаме услов. Нема да го присилуваме или бараме да ни го открие“, подвлече Тејли.
„Ќе биде исклучително тешко за тенисер да патува низ светот во 2022 година, без да биде изземен или вакциниран во секоја земја каде што игра. Сепак, нема да го прашувам Новак бидејќи тоа не е моја работа“ – додаде Тајли.
Тој исто така изрази надеж дека Рафаел Надал ќе игра и покрај фактот што неодамна беше позитивен на коронавирус.
„Убеден сум дека Рафа ќе биде тука. Играчите кои беа тестирани како позитивни сега ќе имаат период додека не бидат заразни и се ќе биде во ред со нив“, заклучи Тајли.