ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.11.2021
Зошто Новак Ѓоковиќ веројатно нема да игра на Австралија опен?

Новак Ѓоковиќ веројатно нема да игра на Австралија опен доколку не се релаксираат правилата за вакцинација против Ковид-19, вели неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ.

На невакцинираните играчи нема да им биде дозволено да се натпреваруваат на настанот во 2022 година, а бранителот на титулата Ѓоковиќ (34) одби да го открие својот статус.

„Под овие уцени и услови, тој веројатно нема да “, изјавил неговиот татко за српска телевизија со потенцирање дека и самиот не би го направил тоа, а Ноле е негов син, па веројатно е познато како би одлучил.

Светскиот рекет број еден Ѓоковиќ рекордни девет пати го освои Австралија опен и е израмнет со 20 Грен слем победи со Роџер Федерер и Рафаел Надал. Шпанецот Надал вели дека планира да игра на турнирот, кој ќе се одржи од 17 до 30 јануари во Мелбурн, но Федерер ќе го пропушти настанот бидејќи закрепнува од операцијата на коленото.

Директорот на турнирот на Австралија опен, Крег Тајли, изјавил дека 85% од професионалните играчи се вакцинирани и очекува таа бројка да биде „помеѓу 90-95%“ до моментот на настанот на кој навивачите и персоналот исто така нема да може да дојдат доколку не се вакцинираат.

„Што се однесува до вакцините и невакцините, лично право на секој од нас е дали ќе бидеме вакцинирани или не“, изјавил Срѓан Ѓоковиќ во цитати објавени од веб-страницата Б92 од неговото интервју за српската телевизија. „Никој нема право да влезе во нашата интимност“ – вели тој.

Останува да следиме како ќе се одвиваат работите и како овој однос на Ѓоковиќ кон вакцинирањето ќе влијае на младите во регионов и во светот без оглед дали ќе настапи или не на овој турнир.

Извор: https://www.bbc.com/sport/tennis/59458511

500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба