ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.10.2026
Нови стипендии и поинаков студентски оброк најави Јанева
Автор: Goce Author

Нови две категории стипендии за студенти, покрај постојните што МОН ги доделува секоја година, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Ќе се доделуваат стипендии за студенти со ретки болести и за студенти со посебни образовни потреби и сите што за нив ќе се пријават ќе ги добијат стипендиите.

– Со тоа повеќе млади ќе добијат поддршка за пристап до високото образование, рече Јаневска која во обраќањето на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека наскоро ќе биде објавен конкурсот за стипендии.

Во однос на иницијативата на студентските организации за зголемување на дневниот износ за студентски оброк од 140 на 200 денари, министерката одговори дека се размислува за нови видови на субвенционирање на студентскиот оброк.

Според неа, пресметката за студентскиот оброк сега кажува дека според стапката на инфлацијата, студентите треба да добијат околу седум денари. Значи, како што вели таа, тоа би било 147 денари, но посочи дека иницијативата била стигната и веќе во МОН размислувале за промена на методологијата.

Стипендии и за студенти со ретки болести и посебни образовни потреби

„Во околните земји наши постојат други методологии, ова е субвенција на студентски оброк. Значи тие треба да добијат оброк. Има различни модели во нашата околина, ние во овој момент ги анализираме и веројатно ќе следи промена на методологијата. Тие да не добиваат пари туку најверојатно некаков тип на ваучер со кој ќе можат да си обезбедат во одредени ресторани оброк кој ќе треба да го одберат, изјави министерката.

Министерката посочи и на други мерки што го унапредуваат студентскиот стандард и подобрувањето на условите за престој со реконструкцијата на студентските домови.

Извештај на ЕУ: Македонија мора повеќе да инвестира во младите и образованието

По отворањето на „Стив Наумов“ во Автокоманда, наскоро вселив ќе биде и „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје. Двата дома се реновираа темелно во изминатите две години.

Конкурсот за сместување во „Кузман“, рече Јаневска, ќе биде распишан следниот ден откога ќе бидат готови докуемнтите за неговата употреба.

-Конкурсот ќе биде распишан следниот ден кога ние ќе завршиме со документите кои се потребни за реална употреба на студентскиот дом. Во постојан контакт сме со изведувачот и тие финализираат, но потребни ни се уште неколку дена за да ја завршиме комплетната документација, додаде Јаневска.

Medixa: дигитална платформа за подготовка за државниот испит
Македонија прва во светот по број на пушачи