ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.03.2023
Новинарка од БиХ трпела дискриминација од својата уредничка

Според приказната на Џана Брканич , новинарка од Босна и Херцеговина, таа била подложена на дискриминација која потекнувала од нејзината уредничка. Иако стереотипски, мислиме дека дискриминацијата и неправдата потекнуваат од мажите, сепак и неедуцираните жени може да се стават во положба на дискриминатори.

Приотизирањето на новинарите довело до крадење на идеи, земање поголема плата за иста работна позиција и давање за слобода да вербално и сексуално ги вознемируваат нивните колешки.

Институциите вината ја бараат во новинарките

Според Брканич, институциите како и да не постојат кога се во прашање ваквите проблеми. Често се случува и институциите да бараат вина во новинарките за неправдата која им е нанесена па се слуша и прашањето „А за која тема пишување ти? Може не им се допаднала, па така постапиле“ и го оправдуваат однесувањето и нападите.

(ВИДЕО) Новинарки во регионот ден денес трпат вознемирување на работно место

Самите медиуми не го споделуваат проблемот со јавноста

Медиумите на еден начин се ограничени со вестите и репортажите, па дискриминацијата против жените и родовата нееднаквост никако да дојде на дневен ред, смета Брканич. Јавноста не е запозната со проблемот со кој се соочуваат, но дури и да се запознае, недоволната едукација за родовата еднаквост и правата на жените ќе го направи своето. Поголемата едукација за правата и еднаквоста е неопходна за да се почне со решавање на проблемот кој ги зафака и помладите генерации кои често се соочуваат со вакви проблеми.

Во продолжение погледнете го целосното интервју со Џана Брканич.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026