
Најновото продолжение на култниот „Scream„ бележи рекорди – во првиот викенд заработи 34 милиони долари. До неодамна филмот „Spider-Man: The Road Without Return“ беше најгледаниот филм во кината ширум светот, но тоа се промени откако во кината пристигна петтото продолжение на култниот хорор.
Фото: Flickering Myth
„Scream“ заработи дури 34 милиони долари за време на викендот и веднаш се најде на врвот на кино благајните. Овие бројки се добар знак за индустријата која сè уште се прашува како да дејствува во несигурни времиња.
Новиот дел од „Scream“ во воведниот викенд оствари заработка слична на онаа која третиот дел од франшизата ги заработи за време на воведниот викенд 2000 година (34,7 милиони долари).
„Оскарите“ се враќаат во „Долби театар“, се враќа и домакин на церемионијата
Трилерот на Нетфликс со бизарни пресврти ги полуди луѓето, доминирајќи во трендот
Многумина беа заинтригирани од враќањето на многу познати имиња во петтото продолжение, кои ги повторуваат улогите од претходните делови на филмот. Тоа се Њу Кембел, Кортни Кокс и Дејвид Аркет и Мерли Шелтон кои првпат ги видовме во „Врисок 4“.
Режисер на филмот е Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Гилет. Вес Кравен ги режираше првите четири дела, а почина во 2015 година на 76-годишна возраст.