ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.01.2022
Оскарите се враќаат во Долби театарот, се враќа и домаќин на церемонијата

Оскарите годинава се враќаат во театарот Долби, како што е традиција, објави американската телевизиска мрежа NBC. Церемонијата на доделување на најзначајните филмски награди, Оскар, повторно ќе има домакин, првпат од 2018 година.


Don’t look up: „Комета ќе удри во Земјата и никому не му е гајле за тоа“


Иако многу традиционални доделувања на награди беа одложени поради зголемувањето на бројот на заразени со вирусот, овогодинешните Оскари, награда од Американската академија за филмски уметности и науки, се закажани за 27 март во Лос Анџелес, јавува Ројтерс.

Како што беше најавено, церемонијата на Оскарите ќе има домакин, но се уште не се знае кој ќе биде. Еј-би-си нагласи дека церемонијата на доделување повторно ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд, откако минатата година беше одржана на Junion station, главната железничка станица во Лос Анџелес, во присуство на помал број номинирани и гости поради пандемијата на корона вирусот.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)