
На 22 декември во 19 часот во Мултимедијалниот центар на УГД (салата на Економскиот факултет), ќе се одржи Новогодишен концерт на Музичката академија на УГД. Деканката на Музичката академија, Професор Златка Митева најавува убаво музичко доживување за посетителите:

–Пред почетокот на концертот, во фоајето на Економскиот факултет ќе има Изложба на Одделот за етнокореологија. Тоа е една доста интересна изложба која им ја препорачуваме на посетителите, по што тие ќе можат да уживаат и во делата кои ќе ги изведат студентите на Музичката академија.
Во програмата ќе бидат вклучени студенти од сите оддели на Музичката академија на УГД. Влезот за Новогодишниот Концерт е бесплатен.