ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.07.2023
Објавен конкурсот за прием во студентските домови
Автор: Goce Author

Министерството за образование и наука  го објави  Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година.

Според Конкурсот , слободни се вкупно 4480 места за сместување студенти во домовите во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

Од нив, 1093 се за бруцоши и 3385 за запишани од втора до шеста година на студии и за апсолвенти.

Во домовите во Скопје, 1178 легла има во „Гоце Делчев“ (од кои 235 за бруцоши и 941 за студенти од повисоките години на студии); во „Стив Наумов“ – трета зграда има вкупно 369 и за нови бараки 138; во „Пелагонија“ има вкупно 997 места и 370 во  „Томе Стефановски-Сениќ“.

Во ДСД „Кочо Рацин“ во Битола се слободни вкупно 385 места. 242 во ДСД „Никола Карев“ – Охрид, 335  „Орде Чопела“ – Прилеп. Во државниот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип има 236 места. Во двата приватни дома во Штип има 60 во ПСД „Хилјадников“  и 52 во ПСД „Логос’.

ПСД УЈИЕ Тетово има вкупно 120 места за сместување студенти во академската 2023/2024 година.

Во конкурсот се појаснети условите за прием и начинот на пријавување

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk

Студентско сместување – колку чини и како го наоѓаат студентите?

Во Конкурсот се појаснети  начинот на распределба на местата во домовите за студенти, условите и постапката за прием, начинот на електронското пријавување и документите потребни за аплицирање.

Документите се прикачуваат електронски од 17 до 31 јули, а студентите од прва година  од 1 до 11 септември.

Конечниот список за прием на студентите од втора и повисоките години ќе биде објавен на 5 септември 2023, а за студенти од прва година на 30 септември 2023.

Списоците ќе бидат објавени на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството. Приговорите  по резултатите се доставуваат во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?