ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.11.2023
Објавен конкурс за програмата Еразмус+ за 2024 година
Автор: Goce Author

Европската комисија објави конкурс за проекти во рамки на Програмата на ЕУ за поддршка на образованието, обуката, младите и спортот во Европа – Еразмус+ за 2024 година, на кој право на учество имаат лица од земјите членки на Унијата и државите вклучени во програмата, меѓу кои е и Северна Македонија.

Аплицирањето на секое правно или физичко лице може да се врши преку националните агенции на Еразмус + или преку Европската извршна агенција за образование и култура.

 

За да се ублажи ефектот на инфлацијата врз учесниците кои учат во странство и да се овозможи широко учество, програмата ќе ги подигне нивоата на грантови за мобилност.

Како што се додава во соопштението, во текот на 2024 година, програмата ќе понуди поголеми стимулации за патувања, при што учесниците од пооддалечените области, островите или местата со недоволна железничка мрежа ќе добиваат соодветна компензација за патни трошоци. Дополнително, првпат ќе биде понудено и покривање на патни трошоци за мобилност на високото образование во рамките на Европа.

Дали ги знаете предностите на програмата за размена Еразмус+?

Предвидени се средства кои ќе опфаќаат од поддршка на мали проекти на локално ниво, па до транснационални иницијативи, како што се европските универзитети, центрите за стручна извонредност и академиите за наставници на Еразмус+, како и иницијативи кои играат водечка улога во зелените и дигиталните транзиции на системите за образование и обука.Дополнително со Еразмус+ ќе продолжи и поддршката за Украина, преку проекти кои можат да ја поттикнат мобилноста на образованието, да им овозможат нови вештини на лицата кои бегаат од земјата, да помогнат во борбата против дезинформациите или да ја промовираат интеграцијата на бегалците во новите образовни системи.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автори: Давид Јанакиевски

Повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY
Програма за изучување на правен англиски јазик