ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.01.2024
Обука, платено практикантство и можност за студиска посета на САД
Автор: Goce Author

Сите млади студенти, новинари, членови на граѓанскиот сектор, активисти или ентузијасти ги повикуваме да аплицираат на две тридневни работилници за новинарство поврзано со разоткривање дезинформации.

Првата обука ќе се одржи од 13 до 15 март во Велес и ќе биде за проверување на факти и дебанкирање дезинформации. Втората обука ќе се одржи во Охрид од 13 до 15 мај и главната тема ќе биде „прибанкинг“ (prebunking), односно разни превентивни стратегии за спречување на ширење на дезинформации.

За првата обука може да се пријавете на следниот линк, а за втората обука може да се пријавите овде.

Обучувачите на работилниците вклучуваат новинари од САД, како и новинари од Фондацијата Метаморфозис. Двете обуки ќе се одржуваат на англиски јазик.

Најдобрите шестмина учесници од двете работилници, како и од претходно одржаната работилница во Скопје во декември, ќе имаат можност за едномесечно платено практикантство во еден од медиумите на Фондацијата Метаморфозис, односно Мета.мк, Порталб или Вистиномер. Дополнително, тројцата најдобри практиканти ќе заминат на една неделна студиска посета во САД со Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) во Вашингтон.

Настанот е дел од проектот „Новинарство за новата генерација“ кој Фондацијата Метаморфозис го спроведува во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, во периодот од септември 2023 година до јули 2024.

Повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY
Програма за изучување на правен англиски јазик