
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од првиот рок од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2026/2027 година.

Објавени се списоците на примени ученици во ученичките домови:
Според конкурсот, учениците кои не се примени или сметаат дека има неправилности имаат право да поднесат приговор во рок од три дена по објавувањето на резултатите. Доколку по завршувањето на постапката останат непополнети места, Министерството ќе продолжи со прием во согласност со предвидените рокови и ќе објавува дополнителни списоци за слободните капацитети.
Резултатите можат да се најдат на следниот линк: Министерство за образование и наука