ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.02.2022
Објавено рангирањето на Македонските Универзитети – УКИМ прв, УГД втор, ЈИЕ трет

Рангирањето на Вебомтерикс не покажува промена на национално ниво на македонските универзитети.

Најстариот Универзитет во државата останува на првата позиција, а на глобално ниво е на 1594 позиција.

Иако меѓу најмладите Универзитетот „Гоце Делчев“ ја задржува втората позиција во Северна Македонија на сите ранг-листи долги години наназад. На глобално ниво е на 3711 позиција.

На третото место е Универзитетот на Југоистична Европа, кој на глобално ниво е на 4547 позиција.

Целата листа можете да ја погледнете подолу.

 

Двете големи организации кои се релевантни во областа на рангирање на универзитети се Вебометрикс и Униранк.

Овие институции вршат годишни рангирања преку кои анализираат неколку параметри на универзитетите. Параметрите се анализираат генерално преку веб присутноста на универзитетите со нивните капацитети.

Која е разликата меѓу светските и македонските универзитети?

Рангирањето, кое е објавено на нивната веб-страница, се прави по неколку основи и тоа присутност на интернет (големина на веб простор, зафатеност на веб од страна на институцијата и слично), влијание (надворешни мрежи и контакти, колку други институции ја поврзуваат институцијата во нивни линкови и контакти), отвореност (број на цитати од топ автори) и научност (број на научни трудови во топ 10% цитирани автори од 26 научни дисциплини).

Интересно е да се напомене и тоа дека УГД е меѓу најмладите на оваа листа. Прворангираниот на оваа листа е формиран 1949 година, второрангираниот (УГД) 2007-ма година, треторангираниот е основан во 2001 година, четврторангираниот 1994 година, петорангираниот 1979 година.

Рангирањата се слични речиси на сите истражувања за квалитет на високото образование кои се прават од различни институции во светот. Слични резултати за македонските универзитети покажа и истражувањето на најреномираниот универзитет во областа на универзитетското рангирање, Универзитетот во Шангај кое е едно од најстарите и е направено во 2014 година.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање