ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.08.2023
Одбележување на Меѓународниот ден на младите
Автор: Goce Author

Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Скопје и Младинскиот образовен форум (МОФ) во партнерство со Агенцијата за млади и спорт, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, денеска организираат одбележување на Меѓународниот ден на младите.

Настанот кој ќе се одржи вечер од 19 часот на Школка во Градскиот парк е посветен на младите луѓе со  цел да ги поттикне да се вклучат во различни активности наменети за нив, да ги поттикне креативно да се изразуваат и делуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки.

Настанот ќе биде отворен со настап од младиот музичар Алдин Мурати, а поздравни обраќања ќе имаат  Моника Сандри, привремен вршител постојан координатор на ОН и Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Каде се младите?

Ќе биде презентиран процесот на подготвување на Националната стратегија за млади 2023-2027 година,  ќе бидат доделени награди за Младинско учество од Агенција за млади и спорт  и Национален младински совет на Македонија и ќе биде организиран концерт во изведба на „Гола Планина колектив“ и „Roma Rock School”.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?