ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.11.2022
„Отпадот не е отпад сѐ додека го искористуваш“-ТТФ со јасна порака
Автор: Goce Author

После одржаната регионална дебата во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип за предизвиците од Законот за управување со дополнителни текови на отпад, организирана од страна на Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип , Технолошко-техничкиот факултет при УГД имаше можност да ги прикаже своите креации.

Со паролата „Отпадот не е отпад сѐ додека го искористуваш“, беа претставени креации на детски модели изработени од текстилен отпад, како и изложба на редизајнирани парчиња облека од отпад. Целта е презентација на завршни активности на Проектот „4Р (редуцирај, рециклирај, реупотреби, реагирај)“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, а имплементиран од страна на ФРЛЗ. Како завршна активност и презентација на сите резултати се одржа детски моден перформанс. Беа претставени 18 модели на женски детски фустани и исто толку пернички како моден додаток, а сите тие се изработени од текстилен отпад.

Според Законот за управување со отпад, текстилот не за смета како отпад во случаи каде се користи за одредена намена или постои побарувачка на пазарот. Па така, целта е да се поттикне чувство на одговорност кај луѓето за селекција и рециклирање, да ги согледуваат последиците од несоодветното однесување со отпадот од најрана возраст и за успешно стекнување вештини за преработка на текстил, за директно вклучување во пазарот на трудот и обезбедување на  егзистенција.


Од текстилен отпад до дизајнерски модни парчиња


Ранливи категории на граѓани, како и деца од рана школска возраст беа активно вклучени во проектот. Редизајнираа, реконструираа, реупотребуваа и пренаменуваа текстил во уникатни нови форми на облека и модни додатоци. Од ТТФ се надеваат дека преку овој проект ќе успеат да ја подигнат колективната свест за тоа што претставува отпадот, колкава е неговата штетност за квалитетот на средината во којашто живееме, а со тоа и да иницираат поголема вклученост и одговорност на граѓаните во реупотребата на текстилниот отпад.

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Награда за најдобар научник на Универзитет “Гоце Делчев” за 2023