ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.06.2022
Отворен Балкан – заедно против кризата
Автор: Goce Author

Земјите од „Отворен Балкан“ ќе се здружат заедно против економската криза, недостатокот од храна и електрична енергија. Лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија се договорија заедно да дејствуваат против кризата, на самитот „Отворен Балкан“, кој се одржа во Охрид.

„Ако се разбираме, нема зошто да не успееме. Нека стане Западен Балкан – Отворен Балкан“, порачал премиерот на Македонија, Димитар  Ковачевски.

„Ќе формираме група која ќе носи конкретни решенија, бидејки кризата е присутна во целиот свет. Таа бара издржливост и посветеност на секоја држава.“, изјавил албанскиот премиер Еди Рама.

Минималната плата во Европа – од 332 до 2257 евра

„Да си помогнеме едни на други и да бидеме тука едни за други. Да седнеме и да разговараме како да ги направиме полесни процедурите за луѓето побрзо да ги минуваат границите…“ е дел од излагањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ .

На самитот биле присутни и претставници од Црна Гора и БиХ како гости. Тие изјавиле дека размислуваат да се приклучат кон оваа заедница.

„Целта е „Отворен Балкан“ да брои учесници од многу области и сите заедно да работиме на тие работи кои ги очекуваат нашите граѓани. “, изјавил Дритан Абазовиќ, премиерот на Црна Гора.

Според Еди Рама, „Отворен Балкан“ нема да запре, а поддршка добиле и од Заменик државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, кој изјавил дека оваа иницијатива треба да остане економска и никако да не се претвори во политички проект.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?