
Научи да снимаш, интервјуираш и создаваш видео приказни со ментори од Види Вака и Гоце.мк. Донеси ја својата љубопитност, запознај други млади и раскажи нешто што заслужува внимание.
Бараме 20 млади од Источна Македонија, на возраст од 18 до 28 години, за новата група на програмата „Размолчени гласови: Нераскажаните приказни од Источна Македонија“.

Можеби во твоето место има заборавено игралиште, проблем за кој сите зборуваат, но никој не го истражил, или човек што прави нешто вредно без да добие внимание. Можеби веќе имаш идеја што сакаш да ја претвориш во видео.Види Вака и Гоце.мк ќе ти помогнат да направиш чекор од идејата до сопствена видео приказна. Ќе учиш преку примери, вежби и работа на терен, со ментори што ќе те поддржуваат низ целиот процес.
Не треба да бидеш професионален новинар или видеограф. Важно е да имаш интерес за луѓето и случувањата околу тебе и желба да учиш.
Младите од претходната група тргнаа од теми во своите места и создадоа видео приказни што стигнаа до публика низ целата земја. Заедно, нивните видеа собраа повеќе од 1.000.000 прегледи.
Зад тие прегледи стојат нивните идеи, првите интервјуа, снимањето на терен и работата со менторите — од почетното прашање „Дали ова може да биде приказна?“ до видео што луѓето го гледаат, споделуваат и коментираат.
Приказната за црквата во Штип беше најгледаното видео создадено од учесниците во претходната група. Таа покажа колкав интерес може да разбуди тема од локалната средина кога ќе стигне до поширока публика.
Детални информации на следниот линк: КОНКУРС