
Европската унија од 10 април 2026 година започна со целосна примена на новиот дигитален систем за евиденција на влез и излез, познат како Entry/Exit System (EES), кој се однесува на државјани од трети земји што патуваат во Шенген-зоната.

Photo by Artur Tumasjan on Unsplash
Што всушност се менува?
Новиот систем предвидува:
Идејата е модернизација и поголема безбедност. Во пракса? Засега – хаос.
Според извештаи од повеќе европски држави, на аеродромите во Брисел, Милано, Амстердам и Лисабон се регистрирани значителни застои, при што дел од патниците чекале повеќе од три часа за да ја поминат контролата. Во одредени случаи, долгото задржување резултирало и со пропуштање на летови.
Слична состојба е забележана и на копнените гранични премини, особено во периоди на зголемен сообраќај, каде што чекањата достигнуваат од два до три часа. Авиокомпаниите и операторите на аеродромите укажуваат дека причините за ваквата состојба се недоволна инфраструктура, бавна обработка на биометриските податоци и неусогласена примена на системот меѓу земјите членки.
Туристичките агенции предупредуваат дека новонастанатата состојба веќе влијае врз интересот за патување во Европската унија. Според нив, неизвесноста и долгите процедури ги одвраќаат патниците, особено во пресрет на летната туристичка сезона, при што дел од граѓаните се одлучуваат за алтернативни дестинации.
Европските аеродромски организации најавуваат дека летото 2026 година може да донесе дополнителни предизвици доколку не се преземат мерки за зголемување на персоналот и оптимизација на процедурите.
Сепак, експертите посочуваат дека намалениот интерес за патување не се должи исклучиво на воведувањето на EES. Влијание имаат и растечките цени на горивата и авионските билети, инфлацијата, како и актуелната геополитичка состојба.
Воведувањето на EES претставува значајна промена во начинот на контрола на движењето во Шенген-зоната, но првичните искуства покажуваат дека ќе биде потребен период на адаптација пред системот да функционира без застои.