ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.12.2021
Пазарувањето доби друг изглед

Поскапувањето на цените за ќесите ги подели мислењата кај граѓаните. Некои се со целосна поддршка кон оваа одлука, а други пак велат дека треба да се отстрани секаква пластика за да има оваа одлука ефект. На нашиот инстаграм профил Goce.MK (@goce.mk) • Instagram photos and videos ги прашавме следбениците што мислат за оваа одлука, па добивме различни мислења.

ИЗВОР: https://zabranaplasticnikesi.site

Прочитајте дел од нив:

  • „За нас треба и поскапи цени за ќесите. Во цел свет луѓето користат торби за пазарување.“
  • „Точно е дека пластичните кеси најтешко се разградуваат, ама нема да има ефект оваа одлука кога насекаде околу нас има пластика за користење. Не гледам дека со покачување на цената на ќесите нешто ќе се смени“
  • „Нема ништо да се смени. Пред 15тина минути во маркет сите пред мене купија кеси.“
  • „Се согласувам целосно со оваа одлука со оглед на тоа што Штип е еден од најзагадените градови. Како елки се накитени дрвјата со ќеси.“
  • „Треба да се изнајде поинакво решение. Не секогаш ни текнува да носиме торба со себе.“
  • „Како се да е на свое место, па ќесите беа проблем. Сега околината ќе биде ептен чиста.“
  • „Ќе успееме да исчистиме една капка во морето со оваа одлука“

 Прочитајте и: Гоце.мк – Пазарење со хартиени или платнени торби, пластичните ќесиња заминуваат во историја? – (goce.mk)


Мислењата на граѓаните поделени, за некои одлуката доста прифатлива, за некои нервоза за заборавена торба за пазарување. На поголемиот дел од граѓаните оваа одлука се уште не им е прифатлива, ама ние сме лесно прилагодлив народ, со тек на времето ќе се научиме да пазариме со торби или еко ќеси.


Прочитајте и: Гоце.мк – Нови био ќеси наместо старите пластични – (goce.mk)


 

Д-р Мирела Василева: „Медицината не признава површност“
(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста