ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.12.2023
Почна украсувањето на градовите низ Македонија – некои добиваат нови, некои со стари украси
Автор: Goce Author

Штип

Почна украсувањето на централното градско подрачје во Штип за новогодишните празници. На Градскиот плоштад „Слобода“ денеска се поставуваше елката, а украсувањето со светилки и украси на мостовите и улиците е почнато од викендот.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов вели дека очекува градот да биде украсен пред патрониот празник Свети Никола.

-Веќе неколку денови се врши поставување на светилките, на украсите во централното градско подрачје. Традицијата е од Свети Никола до Стара Нова Година да биде украсен Штип. Планот е ден пред Свети Никола да светне во предновогодишен сјај.

Штип се украсува со нови светилки и украси коишто  чинат половина милион денари. Јорданов најави дека како и претходната година пред празникот Свети Никола децата ќе ја украсуваат елката на плоштадот „Слобода“.

Нови се светилките во центарот на градот, мал дел кои останаа од лани ќе бидат искористени, но во центарот ќе бидат поставени нови светилки и украси. 500 илјади денари се обезбедени од Буџетот на Општина Штип.

Скопје

Скопје наскоро треба да блесне во новогодишен сјај. Веќе е украсена најфреквентната пешачка улица во градот, улицата „Македонија“. Фирма ангажирана од градот ги поставуваше новогодишните украси. Претходно, скромно се украсуваше и булеварот „Партизански одреди“ кој е под надлежност на Градот. Украси можеа да се забелажат и на улицата „Димитрие Чуповски“ кај Рекорд. Во соопштението кое градските власти го испратија до медиумите беше наведено дека како и секоја година, главниот град ќе блесне со новогодишна магија на 15 декември, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело.

Општина Центар

Општина Центар го заврши новогодишното украсување во центарот на Скопје, додека кај Град Скопје оваа обврска е во тек на реализација.

„Годинава општината е украсена на повеќе локации каде се поставија новогодишни елки, светлосни фигури, украсни лед сијалици и други новогодишни украси. Украсувањето започна од улицата „Орце Николов“ па продолжи кон улиците Боемска 1 и 2 каде на неколку локации е поставена мрежа со сијалички, светлосни фигури на бандери, ѕвездено небо и 9 метарска новогодишна елка. Украсен е и Скверот пред општината каде има поставено мрежа со сијалички на сите дрва, светлосни фигури, забавен парк и дрвени куќички“, информираат од Општина Центар.

Општина Центар

Битола

Општина Битола привршува со новогодишното украсување градот, а првите новогодишни светилки беа поставени во Старата битолска чаршија и над мостовите на реката Драгор во тој дел од градот. Новогодишното украсување продолжува кај Саат-кулата, низ Широк сокак, се до Офицерскиот дом каде празничната слика ќе биде комплетирана со новогодишна елка.

Крива Паланка

Општина Крива Паланка заврши со новогодишното украсување  и, како што вели градоначалникот Сашко Митовски, и годинава ќе биде најубаво украсен град во Македонија.

Градоначалникот Митовски вели дека за новогодишниот амбиент на градот не се потрошени буџетски пари, туку украсите се донација на компании и граѓани кои се по потекло од Кирва Паланка, а живеат во странство.

„Сите пари за украсувањето се обезбедени преку спонзорство од домашни и странски фири. Кога велам странски, мислам на фирми на наши иселеници кои потекнуваат од Крива Паланка и околината, а голем дел од нив за Нова Година си доаѓаат дома. Така беше лани, кога им се допадна како беше накитен градот, ми рекоа дека се презадоволни и дека следната година би сакале и тие да учествуваат во украсувањето. И си го одржаа зборот. Затоа оваа година е уште поубаво украсено од лани. Украсувањето чини вкупно 12.000 евра, без да се потроши ниту денар од градската каса. Цел град е украсен, не само плоштадот, вели Митовски.

 

Најдобрите 5 новогодишни филмови

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Јордан Величков

500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
Млади волонтери организираат хуманитарни концерти, работат со социјално загрозени и лица со интелектуална попреченост, а придонесуваат и за почиста околина во Штип