ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.07.2023
(Подкаст) American Corner Talks
Автор: Goce Author

Американското Катче – Штип во соработка со Гоце.мк реализираше подкаст насловен како American Corner Talks. Идејата е подкастот да го водат членови на американското катче во Штип, а како гости да се промовираат луѓе кои имале искуство со Соединетите Американски Држави, на некои начин студирале таму, работеле или имале друг вид на поврзаност.

Целта е да се промовираат можностите кои им се нудат на младите во Македонија да заминат да студираат или специјализираат во САД. Во првата епизода гостин е токму уредникот на Гоце.мк, Игор Стојанов, кој својата специјализација од областа на младинското новинарство ја има поминато токму во САД, на Универзитетот „George Mason“ во Вирџинија.

Во продолжение гледајте ја Антонела Митева во улога на водителка и Игор Стојанов во улога на гостин во првата епизода од American Corner Talks.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026