ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.04.2022
Покрената петиција за укинување на државната матура за 2021/22
Автор: Goce Author

Додека трае штрајкот во образованието, а учениците пак се дома, како и подолг период поради пандемијата, на социјалните мрежи се појави иницијатива за собирање потписи за укинување на државната матура за учебната 2021/22 година.

Петицијата е организирана на социјалната мрежа facebook, а веќе се собрани над 5.000 потписи. Во обрзаложението за иницијативата стои:

„Поради тоа што долг период бевме онлајн (2 години), зимскиот распуст беше продолжен и со штрајкот на професорите изгубивме дел од најклучните материјали, сметаме дека сме најоштетена генерација и немаме осниова за да полагаме матура“.  На страницата change.org е објавена петиција, односно собирање на онлајн потписи за укинување на државна матура за учебната 2021/2022 година.

Пeтицијата ја започна Drzavna Matura. 

Во партиските препукувања околу штрајкот на СОНК веќе се споменуваше дека процесот на полагање на матура ќе претрпи последици и ќе биде доведен во прашање, но најмногу поради термините, а не поради подготвеноста или не на учениците. Во претходниот период поради пандемијата веќе имаше една годиона во која не се полагаше државна матура (2019/2020), што се одрази и на другите делови од образовниот процес, како што е и запишувањето на факултет. Со законските оребдби, на факултет можат да се запишат само кандидати кои имаат положено државна матура. Согласно со тоа, и евентуалното неполагање државна матура оваа година ќе повлече потреба од дополнителни одлуки на универзитетите во државава за да може да се реализираат уписите.

Првиот дел од државната матура не го минале 1600 матуранти

Според објавените информации, во неизвесност се над 16.000 матуранти, од кои околу 10 % (околу 1600) не го минале првиот дел од државната матура и не можат да полагаат испоити во јуни. Исто така, неизвесна е и ситуацијата за матурантите кои сакаат образованието да го продолжат во странство.

Штрајкот на СОНК ќе влијае на државната матура

Дали ќе имаме уште еден преседан и генерација која на поинаков начин ќе се запишува на факултет, останува да се види. Се ќе зависи од судбината на штрајкот на СОНК, кој е во тек веќе три недели, но и од одговорот на надлежните на овие најнови барања на средношколците. Дали нивните барања се оправдани или не, дали сакаат да ја искористат ситуацијата, е сосема друго прашање

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?