ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.03.2022
Португалија – Македонија во живо на плоштадите низ Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го игра својот најзначаен натпревар, кој може да и донесе историски прв настап на Светско фудбалско првенство.

Фудбалерите веќе се со огромен постигнат успех, со неверојатната победа против актуелниот европски првак Италија во Палермо. Сега останува уште еден чекор до пласман на СП, средбата со Португалија на Роналдо, Жота, Феликс, Фернандеш…Повеќе од јасно е кој е фаворит во овој финален бараж, но исто така јасно е дека и Италија беше фаворит, и дека Македонија и вечерва на „Драгао“ во Порто нема што да загуби, а може да добие непроценливо многу.

Еуфоријата во Македонија не се намалува уште од моментот на голот на Трајковски во четвртокот, и со нетрпение се очекува почетокот во Португалија. Во најголем дел од градовите вечерва натпреваот ќе може да се следи организирано, на отворено на плоштадите. Оваа можност веќе ја најавија дел од општините во државава, а прополно и со со одлична атмосфера ќе биде и во поголемиот дел од угостителските објекти.

Ашковски: Ќе дадеме се’ повторно да ја израдуваме Македонија

Во Штип, натпреварот Португалија – Македдонија ќе може организирано да се следи на плоштадот „Слобода“, а самиот натпревар ќе има и своја друга спортска најава, исто значајна за македонскиот спорт. На плоштадот од 18 часот директно ќе може да се проследи и финалната борба на репрезентативецот и член на „Балканец“ од Штип Владимир Егоров на Европското првенство во борење кое се одржува во Будимпешта. Егоров во категоријата до 57 килограми ќе се бори за златен медал во борење слободен стил.

Не очекува возбудлива спортска вечер која може да заврши со европско злато во борење и пласман на светско фудбалско првенство!

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски