
Општина Штип отвори конкурс за студенти по моден дизајн како дел од настанот Shtip Fashion Days S/S 2026, давајќи им можност на младите креативци од цела држава да се претстават на модната сцена.
На повикот можат да се пријават студенти од сите државни и приватни факултети, кои ќе работат под менторство на професор. Задачата е да се креира моден дизајн инспириран од современи трендови, со акцент на иновативност и одржливост.

Темата оваа година е инспирирана од возилото Kia EV4, при што се очекува дизајните да вклучуваат модерен пристап и визуелна препознатливост, особено преку доминантна сива боја како клучен елемент.
Како да се пријавиш?
Заинтересираните студенти треба да испратат:
Апликациите се испраќаат на: shtipfashiondays@gmail.com
со наслов: „Пријава за натпревар“
Рокот за пријавување е 5 дена од објавата.
Што следува?
Стручна жири-комисија ќе избере 15 финалисти, чии креации ќе бидат изработени со финансиска поддршка и презентирани на отворањето на Shtip Fashion Days 2026.
Настанот ќе заврши со натпреварувачка ревија, каде ќе се избере победник. Најдобриот дизајнер ќе добие парична награда и можност да реализира сопствена колекција, како и бесплатно учество на следното издание на фестивалот.
