ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.11.2021
Повик за млади и креативни продуценти
Автор: Goce Author

Британскиот совет во Северна Македонија  објавува отворен повик за учество во програмата за обука на креативни продуценти. Се покануваат кандидатите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија) да ги испратат своите пријави до 22 ноември 2021 година. Вкупно 20 продуценти од регионот на Западен Балкан ќе бидат поканети да учествуваат во програмата. Програмата за двонеделната бесплатна онлајн обука е дизајнирана да ги развие креативната продукција како професија и добрите уметнички практики во сите вклучени земји и Обединетото Кралство. Британскиот совет сака да ги мотивира новите креативни продуценти и да поттикне уметничко експериментирање и работа со разни уметнички форми.

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со вештини за дизајнирање креативна проектна идеја и ќе научат како поефикасно да ја пренесат својата идеја до целната публика и засегнатите страни. Тие исто така ќе научат каде, кога и како ќе се одвива практичната реализација. Најдобрите проектни идеи ќе добијат финансиска поддршка и менторство.

Фасилитатор на програмата е уметничката и креативна продукциска компанија Curated Place од Обединетото Кралство, којашто е специјализирана за меѓународни јавни програми, големи јавни инсталации, оригинални дела, развој на уметници, музичка стратегија, настани и одржлива испорака на продукција.

Пријавата за настанот може да се најде овде : https://www.britishcouncil.mk/programmes/arts/creative-producers 2021?utm_source=media_partners

Британскиот совет е меѓународна организација од Обединетото Кралство, којашто е посветена на културните односи и образовните можности. Целтта е да се создаде пријателска атмосфера при развојот на соработката и зајакнувањето на меѓусебното разбирање меѓу Обединетото Кралство и другите земји. Британскиот Совет  е активен во над 100 земји низ светот и ги опфаќа областите на уметноста и културата, англискиот јазик, образованието и развојот на граѓанското општество.

На годишно ниво се соработува со над 7.000 професионалци и лидери од уметноста и културата, допирајќи до публика којашто брои 350.000 луѓе на терен и уште 1,5 милиони луѓе преку разни онлајн канали и традиционални медиуми.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026