ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.11.2022
Предлог книга за викенд читање – „Совршенство“
Автор: Goce Author

Викендот е пред нас, па за љубителите на пишаниот збор, наш предлог романтичната книга „Совршенство“ од Р.Л. Метјусон.

„Совршенство“ е книга која ќе ве насмее, но и ќе ве потсети дека не е се’ онака како што изгледа.

Во книгата ќе ја запознате Зои која е навикната да се грижи самата за себе и одамна има прифатено дека кога се случува нешто лошо, сигурно ќе ѝ се случи нејзе. Па кога ја губи работата поради глупост и сѐ тргнува во надолна линија, таа не очекува никакво подобрување. Уште помалку дека ќе добие помош од нејзиниот бучен безобразен сосед. Секако, нема што да изгуби, па ја става довербата во негови раце. Она што не го очекува е уникатната можност која ѝ ја нуди тој со договор од кој двајцата би имале корист, а никој не би требало да биде повреден. 

Како и сите други мажи во семејството Бредфорд, Тревор има една слаба точка: храната. Тој води стандарден живот и сака едноставни работи, како и едноставни врски. Истовремено, посакува совршена жена.
Кога сфаќа дека почнува премногу да мисли на сосетката, која не исполнува речиси ниеден од неговите критериуми, решава да си го пополни времето со неа додека го бара своето совршенство. 

„Детето“ – психотрилер кој ќе си поигра со вашиот ум


Што ќе се случи понатаму, ќе дознаете самите. Книгата ветува хумор и доста интересни и неочекувани пресврти.
Мојот Став: Колку чини еден студентски сон?
(Аудио) Мојот Став: Образование без редослед