ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.11.2022
„Детето“ – психотрилер кој ќе си поигра со вашиот ум
Автор: Goce Author

Доколку сте во потрага по книга која што ќе си поигра со вашиот ум, тогаш наш предлог е „Детето“ – психотрилер, напишан од Себастијан Фицек.  Фицек е германски писател и новинар, а неговите дела се читани низ целиот свет.

 

Неговата книга „Терапија“ која што ги сруши рекордите на читање и ја собори „Кодот на Да Винчи“ од првата позиција го направи еден од најчитаните писатели.

Нашиот предлог е книгата „Детето“ – психотрилер со кој што ќе го заборавите времето. 

„Се викам Симон. Имам десет години. Јас сум сериски убиец.“

Во книгата ќе се сретнете со Роберт Штерн, успешен адвокат кој што прифаќа да се сретне со нов клиент без да претпостави дека тоа ќе го промени целиот негов живот. Се среќава со десет годишно дете, Симон, дете со хронична болест, кој му соопштува дека е сериски убиец во претходниот живот. Адвокатот се шокира кога во напуштениот подрум ќе го пронајде телото на убиениот човек онака како што ќе му објасни Симон. Но, тоа нема да биде единственото тело кое што ќе го пронајде онака како што ќе му каже Симон… Зошто сегашноста ќе стане опасна, ќе оставиме да откриете самите.

20 книги за кои луѓето лажат дека ги прочитале

„Само Фицек умее вака да си поигра со вашиот ум.“ – Харлан Кобен.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)