ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.06.2022
Претседателот Пендаровски го врачи признанието Инженерски прстен
Автор: Goce Author

Претседателот Стево Пендаровски го врачи признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини во Република Северна Македонија.

Признанието го добија 11 студенти од Универзитетите „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип и „Климент Охридски“ – Битола

Манифестацијата „Инженерски прстен“ се одржува по 19. пат во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија.

Добитници на „Инженерски прстен“

Претседателот Пендаровски во своето обраќање истакна дека со доделувањето на ова признание, придонесуваме за афирмирање на инженерските професии, а и самата оваа манифестација придонесува за промоција на инженерството.

„Верувам дека, како што е случај во развиените земји, и кај нас, се повеќе соодветно ќе се вреднува значењето на инженерските струки, а тие се повеќе ќе стануваат привлечни за младите.

За тоа да се случи, очекувам надлежните институции, секоја во рамките на своите надлежности да придонесат за понатамошниот развој на инженерството кај нас.

Сакам да ја изразам својата надеж дека најголем дел од вас ќе продолжи да се надградува, да напредува и професионално да се реализира во својата родна земја.  За таа цел, треба да ги отвориме научно-образовните институции и државните институции и органи, но, пред се, стопанските субјекти, за во нив младите инженери да ги реализираат своите знаења и квалитети и професионално да се наградуваат.

Темата за инвестирањето во младите инженери и воопшто во младите не смее да остане само на ниво на пригодна политичка реторика, туку тоа треба да функционира и во пракса. Сите сме заситени од флоскули и убави зборови, додека во реалноста промените не се случуваат со потребното темпо“ изјави Пендаровски.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026