ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.04.2024
Приватните специјализанти стапија во штрајк
Автор: Goce Author

Приватните специјализанти најавија генерален штрајк од денеска. Причина за штрајкот, како што најавија во четвртокот преку соопштение, е што и покрај одржаниот протест на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања.

– На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада. По остварената средба со министерот, одржани се две седници на Влада и тоа на 3 и 9 април, на кои според јавно достапните информации на Влада, во ни една од нив не е разговарано за нашите барања, се посочува во соопштението.

Поради тоа, како што се додава во соопштението, испратено во име на приватните специјализанти при универзитетите за медицински науки „Кирил и Методиј” и „Гоце Делчев“ – Штип, принудени се да го направат следниот чекор – пристапување кон генерален штрајк од денеска. Се најавува тој да трае сѐ до исполнување на нивните барања.

Приватните специјализанти бараат зголемување на месечниот надоместок

Од Министерството за здравство, исто така во четвртокот, беше кажано дека по средбата со приватните специјализанти, изготвен бил извештај и доставен е до Владата. На некоја од седниците, како што беше посочено, ќе дојде на разгледување со цел да се видат барањата и можните решенија во овој предизборен период.

МЗ: По средбата со приватните специјализанти, извештај е доставен до Влада

-Министерството за здравство секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти, кои се важни во здравствениот систем. Во 2018 година, тие за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на специјализантите, нагласуваат од Министерството.

На државните клиники работат околу 400 приватни специјализанти за месечен надоместок од 26.000 денари, а едно од нивните барања е негово покачување на 40.000 денари

(Видео) Жртва од Јавна Соба: И после три години се чувствувам злоупотребено и незаштитено
Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат