ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.08.2022
Разликата меѓу Upload и Download брзини и како тоа влијае на вашиот интернет дома?
Автор: Goce Author

Често интернет брзините кои се промовирани од страна на вашите оператори не се исти во секојдневната употреба.

Додека ви даваат брз интернет за гледање на Нетфликс во 4К и во исто време на мобилниот гледате HD видео – не ви кажуваат дека се чека „засекогаш“ кога треба да прикачите поголем фајл како видео или куп фотографии за праќање.

Зошто е тоа така, брзините на upload и download често се драстично различни?

Замислете си ја интернет-врската што доаѓа во вашата куќа како цевка, или со други зборови, има ограничување на тоа колку податоци може да пренесе во исто време.

Google забрани апликации кои се штетни – избришете ги веднаш

На пример, ако имате постара DSL конекција, дел од таа „цевка“ ќе биде резервирана за телефонска услуга, додека друг дел е посветен на интернет податоци. Ако имате кабелски интернет или оптичка конекција, истата цевка може да носи и кабелска телевизија, брз интернет, фиксна линија и сл.

„Цевката“ може да пушти само толку многу податоци одеднаш колку што вашиот провајдер е моќен, тоа го повлекува и тарифирањето на секоја од конекциите до дома. Во случајот на интернет, цевката дополнително се дели на примени и пратени податоци.

Порано кога интернетот се состоеше од фиксни интернет страници со по две или три мали сликички, немаше ни потреба од Upload брзина освен доколку не праќате некој office документ,  или помала сликичка. Тоа се одвиваше на постари компјутери и на некој почетен интернет прелистувач. Од друга страна сега имаме потреба од споделување на наши снимени видеа, слики, како и препраќање на мемеа и „челинџи“ од Тикток. Затоа и потребата од поголеми брзини за Upload.

Како што корисниците со текот на времето ќе бараат сѐ поголеми и поголеми брзини на интернет за споделување на видео и други „потешки“ фајлови преку мобилните, така и провајдерите ќе мораат да удоволат со побрзи услуги. Сѐ на сѐ подобри времиња идат.

Кои се’ професии е предвидено да ги замени вештачката интелигенција?
Франција ги забранува социјалните мрежи за лица под 15 години