ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.12.2022
Репортажа: Како прослави Буенос Аирес – епицентарот на финалето од Катар ?
Автор: Goce Editor

Ви ја пренесуваме репортажата директно од Буенос Аирес на денот на прославата за светската титула на Аргентина.

Автор: Иван Дуковски од Буенос Аирес

Сино-бела плима вчера ги поплави улиците во Буенос Аирес. Неколку часа – до раните утрински часови – луѓето беа на улиците за да го прослават пласманот на Аргентина во финалето на Светското првенство.

Белиот „Обелиско“ во Буенос Аирес беше епицентарот на прославата. Земјата во која фудбалот е религија, ова беше меѓу најсветите недели за нив.

Секој со секого прегрнати, и деца и возрасни плачеа и извикуваа: Argentina mi amor! , „Аргентина, љубов моја. Во попладневните часови сите главни улици беа заглавени, метрото беше исклучено, а градските автобуси беа паркирани.

Пространство од навивачи, илјадници луѓе, со развиорени знамиња и  огномети од сите страни. Химната можеше да се слушне од секаде. И постојано,  ги пренесуваа стиховите, кои се обидуваат да ја пренесат интензивната љубов на Аргентина кон нејзиниот фудбалски тим:

“No te lo puedo explicar, porque no vas a entender” – “Не можам да ти објаснам, не можеш да разбереш”.

Ова им е трета светска титула на Аргентинците и прва од 1986 година.

„Многу сме среќни, навистина го заслуживме ова. Меси и Диего и цела Аргентина навистина го заслужува ова.”, изјави еден од  илјадниците фанови низ улиците на бело плавата престолнина.

Милиони Аргентинци плачеа, викаа се гушкаа и се радуваа додека го следеа натпреварот, кој беше ролеркостер од емоции. Во текот на целиот натпревар, многумина кои гледаа на јавниот плоштад во Буенос Аирес го скандираа името на капитенот Лионел Меси, кои  се смета за најдобриот светски фудбалер кој долго време зборуваше за тоа како копнее за победа на Светското првенство. Никогаш од навивачките песни не изостанува и името на Диего Марадона, ‘D10s’ (Господ) за Аргентинците и фудбалот.

“Диего гледа се од рајот, не би сакал Аргентина да загуби! Диего е секогаш тука, тој е вечен.”  Извикуваа постојано Аргентинците.

“Она што има врска со Марадона ги потсетува сите Аргентинци на нашето детство со семејството. Марадона беше тој што ни даде најмногу радост“, рече Гарсија за идолот што Аргентинците го нарекуваат D10s (Господ).

Собрани со семејството или во групи пријатели, дома, во барови или во паркови каде што беа поставени  екрани и следејќи ги нивните  ритуали за среќа, Аргентинците се претопија во едногласен крик по последниот пенал на Монтиел.

Буенос Аирес вчера беше епицентарот на светот, по завршувањето на светскиот фудбалски куп. Енергија од емоции и искуство кое не може лесно да се опише. Видеа и слики можеби ќе доловат нешто повеќе од споменатово.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026