ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.08.2024
Револуционери на Илинден и на 16 години гинеле за Македонија

Како било да си млад во времето на Илинденското востание, во 1903-та? Како од оваа перспектива да се разбере светот во кој живееле младите тогаш, свет во кој се воделе борби, се пишувала истгорија.

Познато е дека многу од македонските револуционери млади го загубиле животот – сите знаат дека Гоце Делчев живеел само 31 година, Никола Карев 28… Илинденското востание ја обликувало и одредило судбината и на многу помлади револуционери, борци….

Еве дел од најмладите револуционери кои учествувале во Илинденското востание

Велко Попадиски на само 17 години зазема активно учествува во подготовките на Илинденското востание, како и во самата борба за ослободување од турскиот аскер.
По завршување на востанието, станува главен војвода во Велешко, учествува во битката на ножот каде трагично го губи својот живот.

Милан Арсов (19 години), член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори каде активно учествува ди мај 1903, а потоа својата дејност ја продолжува како учесник во Илинденското востание.

Како се брани татковината? (Честит Илинден!)

Револуционери со неполни 20 години се бореле за Македонија

Ристо Николов Андоноски, член на Македонската револуционерна организација од 1900 година, кога имал само 16 години, а за време на Илинденското востание Ристо има 19 години.

Ставре Гогов, од својата шеснаесетта година станува член на МРО, а на свои 19 години учествува во Илинденското востание.

Славчо Абазов македонски револуционер, кратовски војвода и член на Македонската револуционерна организација (МРО), учествувал во подготовките на Илинденското востание, како и во самата борба на само 20 години.

Добри Даскалов станал член на ТМОРО во 1901 година и бил борец во четите на Јане Сандански, учествувал во грабнувањето на мис Стон. За време на Илинденското востание се бори во тиквешијата на само 21 година.

Четириесетина години подоцна, на вториот Илинден, на Првото заседание на АСНОМ, ништо повозрасни револуционери учествувале во ставањето на основите на македонската држава.

Чеде Филиповски-Даме на само 18 години станува организатор на НОВ во Мавровскиот крај, а на 21 година учествувал како делегат на Првото заседание на АСНОМ

Димче Беловски на 18 години бил член на СКОЈ, бил политички комесар на чета и на баталјон во воените единици на НОВ и ПОМ, а на 21 година бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.

Васко Карангелевски, комунист, првоборец и генерал-полковник на ЈНА. На 23 години бил Делегат на Првото заседание на АСНОМ.

Мара Нацева, македонска комунистка, учесник во НОБ, учествувала како делегат на Првото заседание на АСНОМ на само 24 години.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?