
„Родум од Македонија“ на 12 студенти со македонско потекло од македонската дијаспора им овозможува да се запознаат со македонската култура и традициите.

По двегодишен прекин поради пандемијата, повторно се реализира програмата „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia), која ја реализира Обединета Македонија Дијаспора (ОМД)
Родум од Македонија се одржува во партнерство со најстарата граѓанска организација во Македонија – Македонски центар за меѓународна Соработка (МЦМС) и новосоздадената Битолската Алијанса на Родум од Македонија, составена од четири битолски организации и движења предводени од жени, комплетирана со радиоемисијата за деца и млади возрасни Слушнете неее! на универзитетското радио УКЛО ФМ како известувач за програмата на начин соодветен за дијаспората а својствен на младите.
Според организаторите, годинава може да се одбележи како година со најмногу учесници:
– Оваа година има најбројна група учесници што некогаш присуствувале на програмата – 12 студенти од Македонската дијаспора. „Родум од Македонија“ беше инаугурирана во 2015 година и секоја година забележуваше раст на интересот и учеството. Дванаесетте студенти со македонско потекло годинава доаѓаат од Канада, Швајцарија, Британија, и САД. Тоа се Кристијан Думкос, Ангела Ефремова, Ела Ерскин, Нина Ерскин, Наум Хофман, Ангела Јосифова, Метју Костоф, Мила Кулевска, Александар Крстовски, Александар Петрушевски, Џејмс Трентос и Александра Влчевска.
Свеченото отворање на овогодинешната програма се одржа во Хотел Солун во Скопје, Македонија, на хибриден начин, во петокот, на 1 јули 2022. Пред сите учесници, нивните домаќини, професори, претставници од институциите и бизнис соработниците на програмата.

Во текот на трите недели од програмата, сите учесниците се распоредени низ државни институции, приватни бизниси, компании и организации со соодветна гостувачка програма за поконкретно практично осознавање на работата кое ги надополнува нивните академски и кариерни цели. Овие престои ќе се вршат во Министерство за правда на Македонија, Министерство за финансии на Македонија, Управа за јавни приходи – Регионална дирекција во Битола, Музејот на Македонска борба, Битолска лабораторија, Адвокатската канцеларија Спирески, Адвокатска канцеларија ДДК, BtoBet, iSOURCE, Zootrop Studio, Eco Awareness и МЦМС. Тие исто така ќе живеат со семејство домаќин – семејство кое никогаш претходно не го запознале.
Претседателот Пендаровски го врачи признанието Инженерски прстен
Студентите ќе имаат можност да ја доживеат македонската култура, традициите, богатата кујна и историјата на нивните предци во татковината.
Предвидена е посета на Охридското Езеро, Скопје и Битола, како и на една од најреномираните манифестации, Галичка свадба.
„Родум од Македонија“ е создадена од членот на Советодавниот совет на ОМД, Питер Далас, кој е роден Американец со македонско потекло од двајцата родители. Годинава е шестото издание на оваа акција.