
Микро чиповите се „нуклеарките“ на нашето време. Тоа е иновацијата која го движи светот и државните економии напред од 1950-та година до денес. Западниот свет го доминира тој пазар, а лидер се Соединетите Американски Држави.

Речиси сите други држави заостануваат зад САД во производството и иновацијата на полу проводници / микрочипови. Многу држави се во трка со САД, а најблиску им се Кина. „Војната“ со Кина околу минијатурниот чип кој ја движи светската економија, се уште е во тек, а многумина се прашуваат зошто Кина ја губи оваа битка.
Битката се заостри во мандатот на Трамп и се продолжи во мандатот на Бајден. Видеото од „Вокс“ објаснува што се случува меѓу државите кои се вклучени во ланецот на производство на чипови.