ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.03.2024
Секој ден умираат по 4100 луѓе од болест која може да се спречи
Автор: Goce Author

24-ти Март е ден посветен за одбележување на борбата против туберкулозата. Светскиот ден на туберкулозата за 2024 година се обележуба под мотото Можеме да ја победиме туберкулозата.

Авторка: Надја Шопова

Туберкулозата се уште претставува еден од најсериозните причинители за смртност во глобални рамки. Овој ден е одбран како датум за одбележување на борбата против ТБ, бидејќи на овој ден, во 1882-рагодина,Роберт Кох го објавил откритието за предизвикувачот на заболувањето, бактеријата микробактериум туберкулозис и го трасирал правецот за правилно дијагностицирање и лекување на ова заболување.

Денот за борба против туберкулозата се означува глобално, еднаш во годината со цел да се подигне свеста за борбата против ТБ и нивото на организиран отпор против ова заболување кое најчесто ги зафаќа белите дробови, се пренесува од човек на човек преку воздух.

Бројот на заболени се зголемува?

Глобално во светски рамки постои извор на инфекција бидејќи официјално објавените податоци укажуваат на тоа дека во 2022-ра годинасе заболени 7, 5 милиони лица  што претставува најголем број на заболени лица од 1995 година, од кога СЗО води евиденција за број на заболени лица. Секој ден, преку 4100 луѓе ги губат своите животи од туберкулоза, а близу 28.000 луѓе се разболуваат од оваа болест што може да се спречи и излечи.

Каква е состојбата во Македонија?

Од 2019-та година, Македонија спаѓа во група на земји со ниска инциденца на туберкулоза, односно се регистрирани 10 случаи на 100 илјади население за една година. Во последните пет години, вклучително и Ковид периодот,просечно околу 200 лица се заболени од ТБ.  Во 2023-та година евидентирани се 160 заболени лица.

Со цел подобрување на состојбата и намалување на ризикот од ширење на инфекцијата, неопходно е да се превземат сите расположливи превентивни мерки кои придонесуваат за рано откривање и спречување на болеста. Најдобра превентивна мерка е правилно и навремено дијагностицирање и лекување на секој болен од туберкулоза со што се прекинува ланецот на ширење на инфекцијата.

Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?
Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?