
Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума ќе има своја проекција во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип. Проекцијата е закажана за вторник, 5 април, со почеток во 20 часот. Цената на билетот е 100 денари.

„Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.
Продуцентка е Марија Димитрова, сценариото е на Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата ја правеа Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите Роза Трајческа-Ристовска, а шминката е на Жанета Димитриевска.
Дума го сними филмот во 2019, на урбани локации низ Скопје во продукција на „Лист“.
„Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и е регионална копродукција со Црна Гора и Косово.
Најголемата вистина – нов македонски филм кој комбинира четири жанрови
Маја и Јана се неразделни другарки. Јана е таа која води, а Маја секогаш ја прати. Една ноќ на забава Маја и Јана ја гледаат Елена, најпопуларната девојка во училиштето, како има секс со симпатијата на Маја, и ја снимаат. Јана ја убедува Маја да го објави видеото онлајн. Видеото станува вирално и животот на Елена е уништен. Во жестока конфронтација помеѓу трите девојки, Елена исчезнува. Маја сака да пријави во полиција, но Јана не ѝ дозволува. Маја се бори да најде храброст и да излезе од токсичното пријателство со Јана и тајната која се заканува да ѝ го уништи животот.
Во филмот играат: Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Марија Јанчевска, Ханис Багашов,Емил Исаевски и Верица Недеска.