ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.01.2022
Штипјанка преку студентска размена поминала дел од студиите во Варшава, Загреб и Грац

Рената Пенчова е дипломирана на Филолошкиот факултет која за време на своите студии имала богато искуство со студентска размена. Таа за гоце.мк ги споделува нејзините искуства и совети како и вие да поминете дел од вашето студирање во некој европски Универзитет.

Рената Пенчова во Грац, Австрија

Што му се врти во глава на еден студент, кој за првпат, ќе се одлучи да отиде во друга земја преку Еразмус+ програмата или било која студентска размена?

Сметам дека најважна  е мотивацијата и желбата за нови академски знаења, предизвици, запознавањето на друга култура. Во целиот процес, нормално помагаат одговорните Еразмус координатори и студентите вклучени во организацијата ЕСН и колегите од студиските групи. Тој еден семестар е едно возбудливо патување и на секого би препорачала да го искуси, бидејќи остануваат незаборавни искуства, моменти и пријателства за цел живот. За почеток пред започнувањето на Еразмус семестарот најважно е да ги имате сите потребни документи, како виза, осигурување и сл.


Која е разликата меѓу светските и македонските универзитети?


Што ти беше мотив да се пријавиш на Еразмус програмата?

Јас сум човек кој сака предизвици и така гледам на работите. Ова е програма каде што добиваш академски знаења и истовремено се вмрежуваш со луѓе во твојата област од различни држави. Одличен предизвик и можност да осознаваш и истражуваш.

Да те навратиме на првото патување, какво беше чувството кога се врати во својата земјата, по првото патување?

Секогаш кога се враќаш дома, си доаѓаш со еден куфер полн со емоции. Различните искуства те прават духовно богат, реализиран и исполнет човек, кој верува во убавината на своите соништа. Со самото тоа искуство ја претставуваш својата земја пред другите култури и можеш да ги увидиш многуте сличности и разлики.


Патувања, забава и едукација со Youth on board


По првиот пат, следуваа низа други патувања. Кои други земји ги посети преку Еразмус+ програмата?

Еразмус+ програмата е одлична можност за секого, која не само што ги опфаќа Еразмус+ студиските посети, туку содржи  и различни видови на тренинг курсеви, размени, обуки.  Преку овие програми младите можат многу да научат за неформалното образование. Јас бев на еден Еразмус семестар на Универзитетот во Загреб, а преку програмата ЦЕПУС бев на „Карл-Францес“ во Грац и Универзитетот во Варшава. 

Со какви искуства се стекна за време на студиите во странство?

Студирањето во интернационална средина, истражувањето на земјата во која престојуваш, студентските дружења се дефинитивно најдобрите искуства.

Од многуте моменти кои си ги доживеала преку оваа студентска размена, постои ли некој момент кој би го одвоила како посебен?

Првите денови и вклопувањето во средината. Би го издвоила како еден посебен момент, кога возбудата и малата доза на трема те води низ новите искуства.

Покрај миговите кои те направиле среќна, сигурно има и силни пријателства кои те збогатиле, кажи ни колку е силно пријателството кое ќе се стекне на таков начин? Се надевам дека сѐ уште имате контакт со колегите оттаму?

Редовната комуникација овозможува контактот и тие пријателства да опстојуваат, нормално, тоа се личности со кои гаите слични интереси и споделувате слични вредности, кои доаѓаат од различни краеви на светот.


Еразмус +: Студенти од Европа ќе студираат на УГД и ќе ги запознаваат Штип и Македонија


Ако бираш, која земја ќе ја избереш, а која не?

Изборот  оди по базата на универзитети, кои имаат соработка со нашиот матичен факултет. Треба убаво да се разгледа таа листа и да се пронајдат соодветните предмети, кои се според програмата во нашиот факултет. По аплицирањето на нашиот факултет, следува аплицирање на странскиот универзитет, каде што очекуваме да бидеме прифатени. Секоја земја е своја приказна за себе и верувам дека секој би уживал во некоја нова средина поразлична од досегашното секојдневие.

Пенчова ја истакнува својата порака до студентите, а посебно до оние кои се двоумат дали да го направат таквиот чекор.

Доколку сте личност која сака да осознава и да се надоградува академски, сметам дека ова е одлична можност.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?