ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.09.2023
Штипјанец раскажува за своето работно искуство на Фарските острови

Штипјанецот Лука Миташев, своето лето го искористил за работа на Фарските острови, каде преку една Веб страна се пријавил да живее кај домаќин-фамилија и да се грижи за нивните домашни миленици.

Лука Миташев

Иако, повеќето студенти одбираат да работат преку програмата Work and travel , сепак веб страната WorkaAway.info нуди поинакво искуство. Се работи за страна каде домаќин-фамилии од целиот свет објавуваат огласи за работа за млади , најмногу за помагање при домашни обврски или чување на деца или пак на домашни миленици. Домаќините нудат сместување и храна , но само неколку нудат и паричен надоместок. Па, поради тоа поголем дел од младите кои ја одбираат оваа опција , одат за да запознаат поинаква култура и да стекнат искуство, наместо за заработка.

Иако оваа програма е безбедна во поглед на сигурноста за животот, сепак постојат ризици, вели штипјанецот Миташев

Иако, можеби помислата да живееш кај непозната фамилија делува страшно, сепак според Лука, оваа програма е сосема безбедна. На страната , има можност сите оние со претходно искуство да остават препорака за домаќинот кај кого престојувале и искуството кое го имале со нив. Учествувањето во оваа програма не може да те стави во животозагрозувачка состојба, но сепак постојат одредени ризици.

„Доколку некој е заинтересиран за вакво нешто, би го советувал детално да истражи и да комуницира со претходните млади кои веќе работеле кај одбраниот домаќин за нивното искуство, обврските кои ги имале и начинот на работа. Јас ова го научив на потежок начин  каде наидов на искуство спротивно од препораките кои беа на страната. Односно, имав многу повеќе задолжени обврски од она што беше наведено , па поради несогласување бев доведен во ситуација да напуштам порано. Не го велам ова за да ги спречам младите, напротив го охрабрувам искуството, само препорачувам секогаш да имаат план Б и да истражат многу добро за условите кои се нудат.“, вели Лука.

Лука се одлучил за Фарските острови поради специфичната храна која ја нудат

Иако првичниот план на Лука бил да оди во Јапонија, сепак еден документарец за Фарските острови и нивната традиционална храна го предомислил младиот студент. Секако овде и природната убавина на островите играла улога при неговиот избор.

За време на престојот, се запознал со други млади од Македонија, што сведочи дека оваа програма е добро прифатена.

Најдобриот студент на Факултетот за медицински науки на УГД планира да остане и да работи во Македонија

„Додека бев таму ги запознав Бојан, Денис и Ана Марија кои особено ми помогнаа да се снајдам во непознатото. На Фарските острови поголем дел од работниците во ресторани и барови се млади од други држави. После моето порано напуштање од домаќинската фамилија, работев на најголемиот летен фестивал кој се одржуваше таму, а исто така работев и како шанкер заедно со млади од Тајланд. Моето искуство би го опишал како невообичаено и возбудливо.“, вели Лука.

Каде во Европа младите навистина имаат пари, а каде живеат под кирија и кај родителите?
Младите сè уште немаат доволно влијание врз образовните политики, предупредува UNESCO