
Рената Пенчова е дипломирана на Филолошкиот факултет која за време на своите студии имала богато искуство со студентска размена. Таа за гоце.мк ги споделува нејзините искуства и совети како и вие да поминете дел од вашето студирање во некој европски Универзитет.

Рената Пенчова во Грац, Австрија
Сметам дека најважна е мотивацијата и желбата за нови академски знаења, предизвици, запознавањето на друга култура. Во целиот процес, нормално помагаат одговорните Еразмус координатори и студентите вклучени во организацијата ЕСН и колегите од студиските групи. Тој еден семестар е едно возбудливо патување и на секого би препорачала да го искуси, бидејќи остануваат незаборавни искуства, моменти и пријателства за цел живот. За почеток пред започнувањето на Еразмус семестарот најважно е да ги имате сите потребни документи, како виза, осигурување и сл.
Која е разликата меѓу светските и македонските универзитети?
Јас сум човек кој сака предизвици и така гледам на работите. Ова е програма каде што добиваш академски знаења и истовремено се вмрежуваш со луѓе во твојата област од различни држави. Одличен предизвик и можност да осознаваш и истражуваш.
Секогаш кога се враќаш дома, си доаѓаш со еден куфер полн со емоции. Различните искуства те прават духовно богат, реализиран и исполнет човек, кој верува во убавината на своите соништа. Со самото тоа искуство ја претставуваш својата земја пред другите култури и можеш да ги увидиш многуте сличности и разлики.

Еразмус+ програмата е одлична можност за секого, која не само што ги опфаќа Еразмус+ студиските посети, туку содржи и различни видови на тренинг курсеви, размени, обуки. Преку овие програми младите можат многу да научат за неформалното образование. Јас бев на еден Еразмус семестар на Универзитетот во Загреб, а преку програмата ЦЕПУС бев на „Карл-Францес“ во Грац и Универзитетот во Варшава.
Студирањето во интернационална средина, истражувањето на земјата во која престојуваш, студентските дружења се дефинитивно најдобрите искуства.

Првите денови и вклопувањето во средината. Би го издвоила како еден посебен момент, кога возбудата и малата доза на трема те води низ новите искуства.
Редовната комуникација овозможува контактот и тие пријателства да опстојуваат, нормално, тоа се личности со кои гаите слични интереси и споделувате слични вредности, кои доаѓаат од различни краеви на светот.
Еразмус +: Студенти од Европа ќе студираат на УГД и ќе ги запознаваат Штип и Македонија
Изборот оди по базата на универзитети, кои имаат соработка со нашиот матичен факултет. Треба убаво да се разгледа таа листа и да се пронајдат соодветните предмети, кои се според програмата во нашиот факултет. По аплицирањето на нашиот факултет, следува аплицирање на странскиот универзитет, каде што очекуваме да бидеме прифатени. Секоја земја е своја приказна за себе и верувам дека секој би уживал во некоја нова средина поразлична од досегашното секојдневие.
Пенчова ја истакнува својата порака до студентите, а посебно до оние кои се двоумат дали да го направат таквиот чекор.
Доколку сте личност која сака да осознава и да се надоградува академски, сметам дека ова е одлична можност.