ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.05.2026
Штип ќе го одбележи Денот на Европа со настан посветен на младите

Младите од Штип и регионот на 21 мај ќе имаат можност одблиску да се запознаат со европските програми, можностите за студирање, мобилност и вмрежување, преку настанот „Европа е за можностите“, кој ќе се одржи во Амфитеатарот на отворено при Младинскиот културен центар „Дом на млади“ во Штип.

Настанот, организиран по повод Денот на Европа 2026, ќе трае од 13 до 17 часот и ќе обедини институции, универзитети, младински организации и претставници на европски програми, со цел младите да добијат практични информации за тоа што нуди

работат со европски програми и размени. Посебен акцент ќе биде ставен на можностите за студирање во странство, студентски размени, стипендии и програмата Еразмус+.

Организаторите најавуваат дека настанот нема да биде само класична презентација, туку простор за вмрежување, размена на искуства и отворање нови перспективи за младите. Во време кога сè повеќе млади бараат меѓународно образование, практикантства и искуства надвор од државата, ваквите настани претставуваат директна можност да добијат информации од прва рака.

Во рамки на програмата ќе се одржи и младински дијалог на тема „Можности без граници: Млади, Еразмус+ и ЕУ“, каде ќе се дискутира за европските можности за младите, процесот на европска интеграција, но и предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе во земјава. Дел од дискусиите ќе бидат посветени и на искуства од учество во програми за мобилност и студирање во странство.

Последниот дел од настанот е резервиран за младински концерт, кој ќе го реализира Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Во последните години Европската Унија сè повеќе инвестира во младински политики, образовна мобилност и вклучување на младите во креирање политики. Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија неодамна формираше и Младински советодавен одбор со цел младите директно да учествуваат во активности и иницијативи поврзани со европските процеси во државата.

Настанот во Штип доаѓа во период кога низ цела Европа се организираат активности по повод Денот на Европа, со фокус на младите, образованието, културната размена и европската соработка.

 

Со рачни изработки, музика и акција младите од Црвен крст Штип покажаа како може да се менуваат животи
Младите сѐ повеќе се заинтересирани за претприемништво и основање свој бизнис