ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.04.2026
Шведска препорача враќање на моливите и хартијата во училиштата
Автор: Goce Author

Шведска препорача едукаторите да ги вратат децата на хартија, моливи и книги во училиштата. Главниот мотив е да се корегира падот на нивото на писменост, но причините се многу посериозни. Кога детето пишува рачно, се активираат повеќе делови од мозокот отколку кога пишува на тастатура или телефон. Ова помага за подобра меморија и разбирање. Децата кои пишуваат повеќе, се покажа, често имаат подобра концентрација и полесно го следат материјалот.

Шведска воведе употреба на лаптопи и дигитални уреди во градинките пред 10 години. Со текот на годините, на меѓународни тестови, кои ја тестираат способноста за читање со разбирање, е утврдено дека перформансите на децата се далеку под просекот во споредба со тоа како беа пред десет години.

Затоа Швеѓаните одлучија дека дигиталните алатки не се добри за децата во градинките и пониските одделенија од основно училиште.

„Најчесто затоа што мозокот не се активира толку многу како кога пишуваат, бидејќи тоа е процес на создавање. Вие го контролирате тој процес, размислувате за тоа што пишувате, за разлика од кога само пребарувате и имате готови информации.

Друга причина е што децата на таа возраст се релационо ориентирани, а употребата на дигитални алатки го намалува контактот со наставниците, кои се врската и го пренесуваат тоа знаење“, сметаат психолозите.

„Кога пишувате реченица рачно, ја градите. Кога ја пишувате на компјутер, ја снимате. Не е за џабе што хартијата и книгите се најдобрите пронајдоци на човештвото“.

Истражување: Близу 70% од Европејците сакаат забрана на мобилни телефони во училиште – дали образованието конечно повлекува линија?

Психолозите во последниве години им советуваат и на децата и луѓето да водат дневник, односно да пишуваат, евидентираат и обработуваат.

На емоционално ниво, пишувањето е размислување за информации. Еден вид рефлексија и критичко размислување.

Кога станува збор за користење на технологијата, се повеќе експерти веруваат дека е неизбежно секој вид активност што ја пренесуваме на технологијата, тој дел од мозокот да заспие.

Наместо да ја следат модата, сега модата ги следи младите генерации
Генерацијата Z повеќе сакаат да бидат фриленсери отколку лекари