ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.03.2022
Сирење наместо десерт, пешачење наместо возење, чудни навики кои ги има само во Франција
Автор: Goce Author

Во некои делови од Франција поздравувањето со 5 бакнежи и ручањето 45 минути е сосем нормална појава…

Секоја држава има свои карактеристики со кои се издвојува од другите и токму во тоа е убавината на патувањето и откривањето на нови работи.

Здравствената ситуација се уште не кочи во пакувањето на куферите и заминување низ светот, но ајде да видиме какви навики имаат Французите.

Добар ден и извинете!

Нешто што многу често ќе го слушнете во Франција е bonjour и pardon. Французите ги користат овие два изрази толку често што ќе помислите дека се поздравуваат меѓусебе почесто од вообичаено.


Седум држави привлекуваат најмногу туристи – лидер е Франција


Сирење за десерт?

Може ли да замислите ручек без десерт? Французите можат. Тие наместо пити и колачи, на крајот од ручекот преферираат да нарачат чаша вино и сирење. А десерт… за него ако има место.

Патики наместо превоз

Французите се луѓе кои обожаваат да пешачат, па нека не ве зачуди фактот што ќе видите многу луѓе насекаде околу вас. Во јавниот превоз ќе видите само туристи. Луѓето во Франција наместо автомобил или велосипед, знаат да ги облечат омилените патики и да стигнат до својата работа и да се вратат дома пешачејки, а причините за тоа се многубројни – од здравје до мирен сон.

Совршен багет

Одењето по леб во Франција е секојдневна навика исто како кај нас, само што тие немаат проблем да одат два блока подалеко за да си го купат нивниот омилен багет. Иако е симбол за Франција, сепак варира од пекара во пекара, од својата форма до својата структура, па затоа и не е проблем на Французите да отидат и до подалечната пекара за совршениот багет.

Француска гарда

За разлика од Американците кои се постојано насмеани, луѓето во Франција нема да се преправаат дека се среќни затоа што некој тоа го очекува од нив. Французите со генерации третираат критичко мислење, протестираат и се залагаат за себе, па затоа и нивната реакција е одбивна кога станува збор за преголема позитива.

Колку бакнежи?

Французите се поздравуваат со бакнежи во образ, а колку пати ќе се бакнувате зависи од делот на земјата во која се наоѓате. Во Париз луѓето се поздравуваат со бакнежи четири пати, во Монпеље се бакнуваат три пати, а на Корзика некои жители се бакнуваат дури пет пати…

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Воспитување на деца – дали новите генерации се преблаги?