
Меѓу државите кои привлекуваат најмногу туристи во светото предничат Франција, Шпанија и САД. Сите тие претрпеа загуби и намалување на бројот на туристи, но и во таква ситуација, ја задржуваат предноста пред другите светски дестинации.

Photo by Pedro Lastra on Unsplash
Франција е земјата која беше посетена од најмногу туристи во светот пред пандемијата.
Истражувањата покажуваат дека само во 2019 година го посетиле 90 милиони странски туристи. Следуваат Шпанија, САД, Кина, Италија, Турција и Мексико.
Франција должи дури осум отсто од својот БДП на туризмот, а пандемијата, која негативно се одрази на туристичката индустрија ширум светот, значително ги намали нејзините приходи. Имено, во првата половина на 2020 година бројот на странски туристи во Франција е преполовен.
Слично се случи и со Шпанија, која е на второто место на оваа листа, бидејќи во предпандемската година привлече 83,5 милиони туристи. Соединетите Американски Држави се рангирани на третото место со 79,3 милиони посетители.
Туристичкиот сектор е една од најголемите жртви на пандемијата на коронавирус. Порасна речиси без прекин од 1980-тите, до 2019 година. Тогаш, пред четири децении, бројот на меѓународни посети изнесуваше 277 милиони на глобално ниво, за да достигне 1,5 милијарди во годината пред пандемијата, по што забележа драстичен пад.
За среќа, низ целата планета полека се укинуваат ограничувањата поради Ковид, што би требало да поттикне раст на туристичките посети, доколку конфликтот во Украина не се продлабочи.
Европскиот комитет за патувања смета дека бројот на туристи во Европа оваа година значително ќе се зголеми и ќе достигне ниво што е за 20 проценти пониско отколку пред пандемијата. Целосно закрепнување се очекува дури од 2024 година.
И покрај намалувањето на бројките на заразени во целиот свет, прашање е дали ова е крај на пандемијата и дали ќе се вратиме на нормалата од пред две години, што секако е од клучно значење и за туризмот. Фактот дека се уште се споменува дека за патување ќе биде статус на комплетно вакцинирање, покажува дека сепак претпазливоста е тука и ќе ги одредува навиките за патување и туризам и во наредниот период.