ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.07.2023
Следува топол бран – внимателно на сонце
Автор: Goce Author

Под влијание на топол бран во земјата следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Времето утре ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Трчањето и горештините – како да се заштитиме?

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени. (МИА)

Горештините стигнаа – како да се спасиме од нив?

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?